Nutella® „Наш квалитет“ Програма за верификација
Експертиза на SGS
SGS е светски водечка компанија за инспекција, верификација, испитување и сертификација, основана во 1878 година и со седиште во Швајцарија. Како самостоен давател на услуги, SGS раководи со глобална мрежа на лаборатории за испитување со експертиза, искуство и глобален досег.
„Наш квалитет“ Програмата за верификација
SGS спроведува програма за верификација за потребите на FERRERO, при што се проверува дали кремот NUTELLA® и неговите состојки исполнуваат специфични стандарди за квалитет.
Стандардите за квалитет се независно верификувани од страна на SGS согласно критериумите дефинирани од NUTELLA® во рамки на нејзината доброволна програма. Програмата претставува комбинација од ревизии, лабораториски анализи и следење на пазарот.
Програмата за верификација се базира на 4 столба:
1. СТАНДАРДИ ЗА КВАЛИТЕТ
Дефинирањето референтни документи коишто ги претставуваат Стандардите за квалитет според кои се спроведува Програмата за верификација. Врз основа на овие Стандарди за квалитет, SGS создаде Стандардна оперативна процедура за нејзино спроведување
2. РЕВИЗИИ
Активности за верификација што ги спроведуваат ревизорите на SGS со цел да потврдат дека FERRERO ги презема сите неопходни чекори да обезбеди - со текот на времето - сообразност со Стандардите за квалитет утврдени во Програмата за верификација. Ревизорските активности вклучуваат два чекора:
Седиште: годишна најавена ревизија за верификација на критериумите за избор и надзор на добавувачите, како и за гарантирање усогласеност со Стандардите за квалитет дефинирани во NUTELLA® „Наш квалитет“ Програмата за верификација
Производствени погони: годишни ревизии, најавени и ненајавени, во сите производствени погони низ светот каде што се произведува NUTELLA®. При овие ревизии, SGS верификува дали се почитува планот за контрола утврден од FERRERO за секоја од фазите на производство - од влезните сировини, па сѐ до добивањето готов производ
3. ИСПИТУВАЊЕ
Анализи извршени во независни лаборатории со кои се верификува сообразноста со утврдените Стандарди за квалитет. Овие анализи се вршат на примероци од состојки и готови производи земени во секој од погоните каде што се произведува NUTELLA®
4. СЛЕДЕЊЕ НА ПАЗАРОТ
Повремено и по случаен избор земање примероци на производи од продажните места заради испитување и проверка на етикети
Верификација на Стандардите за квалитет
Заради обезбедување квалитет на кремот NUTELLA® и на неговите состојки, SGS врши проверка на специфични карактеристики на квалитет.
NUTELLA® е регистрирана трговска марка на FERRERO.